На задушница, 22 февруари 2025 година во катедралата „„Пресвето Срце Исусово“ – Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх служеше панахида за жртвите во војната во Украина. На панахидата со епископот Стојанов сослужува катедралниот парох патер Винко Маслаќ и протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов.
Во својата проповед епископот Стојанов истакна дека на денот кога се сеќаваме на жртвите, не потсетува на единство и одговорноста што ја имаме кон нашата Татковина и идните генерации, затоа денес се молиме за нив, за татковина, за сите оние кои низ историјата страдале во борбата за поправедно и подобро утре. При тоа епископот истакна дека движечката сила зад жртвите за својата Татковина е верата во Господ, дека тоа е она што никој од нас никогаш не треба да го заборави и нашата обврска да се молиме и да му благодариме на Господ Бог за нив.
На панахидата присуствуваше амбасадорката на Украина во Македонија, Н.Е. Лариса Дир, како и членови на украинската заедница во Македонија.
к.мк