Епископот Стојанов се сретна со с. Јоана Тончева, генерална настојателка на Сестрите Евхаристинки

Епископот Стојанов се сретна со с. Јоана Тончева, генерална настојателка на Сестрите Евхаристинки

На 5 февруари 2025 година епископот Стојанов, во бискупската резиденција на Водно во Скопје, оствари средба со сестра Јоана Тончева, генерална настојателка на сестрите Евхаристинки во придружба на сестра Бернардина Сирачева, провинцијална настојателка на Провинцијата на Божјото провидение во Македонија.

Средбата помина во срдечна атмосфера на која беа разменети мислења за дејствувањето на Сестрите Евхаристинки и нивното послание во Македонија, духовните звања, процесот за беатификација на основателот на Сестрите Евхаристинки отец Јосиф Алоати како и за чествувањето на Јубилејната година.

Епископот Стојанов изрази благодарност за неизмерната, несебична и голема пожртвуваност на Сестрите Евхаристинки во исполнувањето на нивната мисија кон Бога, ближниот и Црквата во Македонија.

Сестра Јоана Тончева, генерална настојателка на Сестрите Евхаристинки овие денови се наоѓа на канонска визитација на Сестрите Евхаристинки во Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот