Епископот Стојанов се сретна со корисниците на кујната на сестрите на Мајка Тереза

Епископот Стојанов се сретна со корисниците на кујната на сестрите на Мајка Тереза

На последниот ден од годината, 31 декември 2024 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во Скопје го посети манастирот на сестрите на Мајката Тереза и кујната за лица во потреба.

Во таа прилика епископот Стојанов упати зборови на благодарност до сестрите на Мајка Тереза, за нивната пожртвувана љубов и служење на лицата во потреба. На средбата со корисниците на кујната епископот Стојанов заедно со сестрите послужуваше топол оброк и воедно упати зборови на охрабрување, честитајќи им ја Новата година и Божиќ.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот