Епископот Стојанов на првиот ден од Божиќ служеше архиерејска Литургија во Нова Маала

Епископот Стојанов на првиот ден од Божиќ служеше архиерејска Литургија во Нова Маала

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов на празникот Рождество Христово, 7 јануари 2026 година, служеше света архиерејска Литургија во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала. Со епископот сослужуваа парохот отец Ѓорги Динов и деканот на деканатот „Свети Кирил и Методиј“ протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов. Покрај верниот народ на светата Литургија присуствуваше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и претседателот на советот на општината Миле Митевски.

Во проповедта епископот Стојанов зборувајќи за Рождеството Христово истакна дека овој празник е потврда за Божјата љубов. Тој ги повика верниците да останат доследни на својата вера во Христос, Кој за нас зеде човечка природа и стана наш брат и Спасител. На крајот од проповедта епископот на сите присутните им го честита празникот Рождество Христово.

По завршување на светата Литургија епископот ја проследи Божикната програма. Најпрво најмалите деца со рецитали ја пренесоа веста за Христовото раѓање, а потоа децата од втората веронаучна група ја изведоа приредбата во чест на Христовото раѓање.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот