На вториот ден од Божиќ, 8 јануари 2022 година, кога Црквата со слави Соборот на Пресвета Богородица и Светото Семејство, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во парохиската црква „Свети Пророк Илија“ во Радово, во сослужение на парохот о. д-р Зоран И. Стојанов и капеланите о. Трајче Ташев и о. Илија Стојанов.
На почетокот од проповедта владиката Стојанов рече дека Мојсие е „праслика“ Христова. Исус е „новиот Мојсеј“. Фараонот наредува погубување на израелските деца; Ирод го прави истото во Исусово време и тоа во првите денови од животот. Мојсие подоцна со бегство се спасува; истото го праваат и Исусовите родители заедно со Него, истакнувајќи ја подготвеноста и одговорноста на Јосиф и Марија, кои без да бараат многу објаснувања слушајќи го гласот на ангелот бегаат во Египет. Јосиф брзо се снајдува и дејствува“ – рече монс. Стојанов.
Осврнувајќи се на историјата на нашите претци истакна дека таквата рекација на Јосиф можат да ја разбераат само тие кои биле или се во слична таква ситуација, да ги остават своите домови и да бегаат да спасуваат гол живот, при што истакна: „Тоа го доживееа и нашите претци кои беа присилени да ги напуштаат своите домови во 1913 година, а на кои ние можеме да се присетите од нивните преданија, односно раскажувања. Од прогонство не беше поштедено ниту светото Семејство. Но Исус им беше послушен на своите родители. (…) цитирајќи го евангелистот рече: „Исус, пак, напредуваше во премудроста и возраста, и во благодатта пред Бога и кај луѓето.“
Осврнувајќи се на актуелните предизвици на денешните семејствата епископот Стојанов рече дека може да се слушне како семејствата се несреќни, болни, во криза, дека никој никого не слуша и го постави прашањето: Од каде и зошто денес има распаѓање, криза и кај многу христијански семејства? На ова одговори дека постојат многу причини, а најфатлната и најчестата е, како што рече епископот Стојанов: „Го загубија Исус Христос; повеќе не е „со нив“ – не е член на многу семејства. Црквата затоа загрижено го насочува својот поглед во назаретскиот дом – кај светото семејство; таму ги испраќа и децата и родителите да видат што често не се и што треба секогаш да бидат.“
Тој ги повика до христијанските семејства да земат пример од назаретското семејство потсетувајќи ги дека семејството е светилиште, извор на светост, љубов, живот. Упатувајќи на задачите на родителите истакна дека не треба да се грижат за детето само за леб и облека, туку семејството е дом за воспитување и Божјо училиште и тоа најголемото, всушност единствено училиште на христијанскиот живот и светост – рече монс. Стојанов и додаде: „Родителите се професори на христијанскиот живот за своите деца: нивната лична светост, потполн христијански живот, љубов и пожртвуваност успешно ги воспитува децата. Ако тоа го нема, сите опомени и совети, сите книги, сите учители и воспитувачи нема ништо да помогнат.“
Бискуот ги повика денешните семејства да бидат пример на своите деца при што праша: Дали децата имаат можност да ги видат своите родители како се молат дома, во црква, на светите обреди и примањето Свети Тајни? (…) Драги родители, во Божјото училиште, во училиштето на Светото семејство можеме да научиме како се слуша Бог Учителот за да се биде добар учител и за своите деца. Нека во сето тоа ни помогнат свети Јосиф и Марија! – рече епископот Стојанов.
Своето обраќање епископот го заврши честитајќи им го празникот Рождество Христово и благословена Нова година.
На крајот од свечената Литургија парохот о. д-р Зоран И. Стојанов се заблагодари на владиката Стојанов за упатеното Слово, како и за литургиското заедништво. Исто така упати благодарност до сите оние кои се ангажираа и помогнаа за божиќното уредување на Црквата и подготвката за божиќната претстава, која децата од Радово ја има во попладневните часови во петок 7 јануари 2022 година.
к.мк