Телото Христово на улиците на Ливерпул.
На 9 септември 2018 година во склоп на Националниот евхаристиски конгрес на Англија и Велс на улиците на Ливерпул се одржа процесија со околу 10.000 верници.
Последниот евхаристиски конгрес во Англија е одржан во 1908 година кога властите не дале дозвола за јавна процесија со Пресветата Тајна Евхаристија.
Еден од главните гости на конгресот бил епископот на Лос Анџелес Роберт Барон кој зборуваше за тесната поврзаност на Евхаристијата и мисионерското послание на Црквата.
„Во оваа Евхаристија, ова благодарење е изворот на нашата мисија. Од ова Обожавање излегуваме копнеејќи со други да ја споделиме ова голема тајна на излевање на живот и добрина кои ни се откриени,“ рече Барон.
„Не мора да летаме преку океаните за денес да дојдеме до мисионерско подрачје,“ додаде „треба само да излеземе пред вратата на секоја црква во западниот свет и веќе сте во мисионерска земја.“
До учесниците со писмо се обрати и папата Фрањо кој ги потсети на сите мажи и жени од Англија и Велс кои сведочејќи го Исус Христос „понекогаш морале да ја пролеат и својата крв.“
„Мораме да сведочиме за истиот Господ и истиот скапоцен дар Евхаристијата и денес затоа што минатата слава секогаш е почеток, а не крај ,“ напиша Папата.
Битно.нет/к.мк