Денови на Света Мајка Тереза: Љубов на дело

Денови на Света Мајка Тереза: Љубов на дело

По повод духовно културната манифестација „III. Денови на Света Мајка Тереза во Скопје“ од 3. до 5. септември, првиот ден помина во знакот на милосрдието кон луѓето со особени потреби.

Парохјаните беа повикани првиот ден да се вклучат во акцијата „Љубов на дело“, во духот на Света Мајка Тереза во својата средина да ги побараат оние на кои им е потребна љубов и помош од ближните.

Скопскиот бискуп и епарх Струмичко-скопски, монс. д-р Киро Стојанов, во придружба на млади парохјани посети четири семејства во Скопје кои живеат во тешки животни околности. Бискупот Стојанов даруваше хуманитарна помош и во разговор ги сослуша животните тешкотии на семејствата предизвикани од сиромаштијата и болестите. Секоја средба завршуваше со молитва по која семејствата нескриено се радуваа на посетата на бискупот и зборовите на надеж кои им беа упатени.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот