Дедо Мраз или дедо Божиќ?!

Дедо Мраз или дедо Божиќ?!

Која е поврзаноста помеѓу свети Никола и Дедо Мраз или Дедо Божиќ? Двајцата (или сите тројца) носаат подароци и ги оставаат ноќе во црвена чизма. Меѓутоа, Дедо Мраз/Дедо Божиќ на англиски се нарекува Санта Клаус. Од каде таа поврзаност? Можеби конечно е прилика, секако на оние кои ги интересира, да покажеме за што станува збор овде и кое е потеклото на овие ликови и имиња.

Секоја година во декември сведоци сме на истата дебата – се нарекува Дедо Мраз (што звучи некако социјалистички) или Дедо Божиќ (што звучи некако „новокомпонирано“)? А заедно со оваа дилема се повторува уште нешто – чизмите на Дедо Мраз (или како и да го наречеме) се појавуваат во неограничени количини по излозите и штандовите, но исто така и во училиштата на детските работи за часовите по ликовна култура. Две работи се интересни во врска со чизмите: прво, што сите, на сите и насекаде изгледаат идентични (прикажани во профил, со црвена боја, во облик на чорап – имено без високи потпетици и други карактеристики на чизма, како и белата волнена завршница); и второто, што тие чизми се поврзуваат – па и така се нарекуваат – со свети Никола.

Приказната за свети Никола воглавно е општо позната. Роден е во Мала Азија во 3. век, каде бил владика во градот Мир. Познати се неколку приказни за неговиот живот. Според една, набавил пари за мираз на три девојки кои требало да се мажат. Заради тоа се прикажува на сликите со три вреќи златници и од каде произлегува поврзаноста со подарување. Според другата, ги оживеал трите деца кои ги убил лошиот гостилничар за да би го сервирал нивното месо, и од оваа произлегува поврзаноста со децата. Според третата, го смирил немирното море и така го спасил бродот со кој патувал; со тоа станал и заштитник на морнарите и патниците. Се слави на 6 декември (19 декември според јулијанскиот календар), а на сликите се прикажува во епископска одежда со жезол и митра.

Познатиот приказ на Санта Клаус каков што сите го познаваме, во црвен костум со бело крзно, со голем стомак и црвен нос, создаден е за прв пат во 1931 година. Автор е илустраторот Хадон Сандблом, а нарачател била компанијата Кока-Кола, заради кое Сатна Клаус е облечен во заштитната боја на нивното лого – малку бела и повеќе црвена боја. А од каде му била инспирацијата на Сандблом за изгледот на Клаус?

Европа низ историјата познавала и други носачи на подароци освен свети Никола. Честопати поклони носел малиот Исус, Кристкинд, Кристкиндл, чие раѓање исто така се славело во декември. Во Германија негов помагач е Вајнахтсман, кого го придружува неговата спротивност слугата Рупрехт, Пелзебок или Крампус. Тие ликови, меѓутоа, никогаш не се луѓе. Оној кој носи подароци се прикажува како гном, трол, џуџе и елф, а облечен е различно вклучувајќи и волчја кожа и мечкино крзно. Во Франција подароците ги носи Пер Ноел; во Англија тоа е Фатер Крисман кој се прикажува во бршлен и имела; Италијанците ја имаат Бефаната (добрата вештерка), Швеѓаните Јултомптен, Холанѓаните Синтерклас, а Финците Јоулупукиј, лик кој е најсличен на знакот на Кока-Кола и заради кое често го нарекуваат „вистинскиот Дедо Мраз“.

Скандинавските ликови влијаеле на американскиот поим за оној кој носи подароци. Прво е нацртан како буцкаст и весел холандиски Синтерклас, а го нацртал илустраторот Вашингтон Ирвинг во својот стрип „Историјата на Њујорк“ на почетокот од 19. век. Сепак, кога во Америка за прв пат се појави ликот под името Санта Клаус, не се појавил во човечки лик. Во екот на граѓанската војна, на 3. јануари 1863 година, во северноамериканските весници „Harper’s Weekly (A Journal of Civilization)”, илустраторот Томас Наст нацртал лик со шилести уши и уста на живтно (гном или елф) облечен во северноамериканско знаме (јакна со звезди и панталони со шарени црти) како им дели подароци на децата и на војниците. Во позадината е јасно читлив натписот: „Добродојде Санта Клаус“. Овде, значи, Санта Клаус за прв пат е јавно прикажен, и тоа не во човечки облик. Исто така не во човечки лик свети Никола порано бил опишан во една песна. Оваа песна ја напишал Клемент Кларк Мур во 1882 година, а песната се вика „A Visit From St. Nicolas“. Еве еден стих:

His eyes – how they twinkled! his dimples how merry!
His cheeks were like roses, his nose like a cherry!
His droll little mouth was drawn up like a bow,
And the beard of his chin was as white as the snow.

He had a broad face and a little round belly,
That shook, when he laughed like a bowlful of jelly.

(Неговите очи – како блескаа! Неговите дупчиња на образите се весели!

Неговите образи беа како рози, неговиот нос како цреша!

Неговата смешна мала уста свиткана како панделка

А неговата брада бела како снег.

Тој имаше широко лице и малку заоблен стомак,

Кој се тресеше, додека се смее, како еден сад желе!

 

Малку понатаму, меѓутоа, песната продолжува:

He was chubby and plump, a right jolly old elf,

And I laughed when I saw him, in spite of myself.

(Тој беше кус и дебел, токму вистински весел стар елф,

И се смее кога го видов, иако не сакав.

 

Елф значи волшебник. Но сепак, токму во оваа песна се обратил илустраторот на Кока-Кола, Хадон Сандблом во 1931 г., кој година дена пред тоа го нацртал не-човеколикиот „Санта Клаус“, кој не бил прифатен од страна на пазарот. Во другиот обид неговиот лик станал човек, со широко лице и дупчиња на образите, со црвен нос, заоблен стомак и бела брада. Облечен е секако во бојата на Кока-Кола, со широка насмевка и со карактеристичното шише во рака. Овој пат немало грешка: звездата е родена.

Во комерцијална смисла, Втората светска војна од голема корист беше за Кока-Кола. „Каде имало американски војник, таму било поевтино шишеto Кока-Кола “, а тоа било и мотото кое практички го прошири овој пијалок низ целиот свет, а со него и црвениот рекламен лик наречен Санта Николас. После војната, во комунистичкиот Советски Сојуз препознаа добра прилика за сузбивање на религиозниот лик на свети Никола; заменет под името Татко (или Дедо) Мраз. Рекламниот лик на Кока-Кола имал една голема предност: бил црвен!

Така доаѓаме и до нашите денови. Потрошувачкото општество има кратко памeтење; политичкото е многу подолго, заради кое се смета дека црвениот Дедо Мраз е руски изум, а не производствен логотип. Така е измислен називот на пола пат кон религиозното потекло на традицијата – Дедо Божиќ би требало да биде морално поприфатливиот. Сепак, тој само ни зборува за тоа како нашата колективна свест е повеќе склона за политичкото решавање отколку за почитувањето на обичаите – бидејќи отсекогаш на почетокот од месецот ги носеше свети Никола, а на крајот од месецот Малиот Исус. Моралните – и комерцијалните – свесни поединци не би требало да имаат проблем со одговорот на прашањето за постоењето на Дедо Мраз или Дедо Божиќ. Тој постои толку колку и етикетата на шишето на Кока-Кола.

Битно.нет/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Колумни

За авторот