Утрешната средба ќе биде прва среда по летниот одмор во Кастел Гандолфо, каде што Светиот Отец повторно ќе замине на празникот на Вознесение на Пресвета Богородица. Овој викенд се предвидени настани поврзани со Јубилејот на младите.
По летната пауза, Генералните аудиенции на папата Лав XIV продолжуваат на 30 јули. Последната аудиенција пред вообичаениот летен одмор се одржа на 25 јуни, на плоштадот „Свети Петар“. Потоа, папата Лав престојуваше во Кастел Гандолфо. Светиот Отец повторно ќе замине во Кастел Гандолфо во петок, на 15 август, каде ќе ја предводи светата Литургија по повод празникот Вознесение на Пресвета Богородица и заедно со верниците ќе моли Ангел Господов, на Пјаца дела Либерта. Во недела, на 17 август, повторно на истото место, Папата ќе ја предводи молитвата Ангел Господов, а попладнето, ќе се врати во Ватикан.
Во овие денови, по седмица исполнета со бројни настани, како и со јавни и приватни аудиенции, папата Лав XIV се подготвува за средбата со младите по повод Јубилејот на младите, кој ќе се одржи овој викенд. Илјадници млади пристигнуваат во Рим од сите страни на светот за да земат учество во големиот јубилеен собир. Централниот настан ќе биде во сабота, на 2 август, во Тор Вергата, на пространата локација каде што пред дваесет и пет години се одржа незаборавното молитвено бдение со свети Иван Павле II. Папата ќе пристигне во Тор Вергата на истиот ден за да го заокружи денот исполнет со музика, сведоштва и заедништво, со молитвено бдение закажано за 20:30 часот. Следното утро, на 3 август, во 9:00 часот, повторно во Тор Вергата, Светиот Отец ќе ја предводи светата Литургија заедно со младите, по што, во 12:00 часот, ќе моли Ангел Господов.
Ватикан њуз/к.мк