Генерална аудиенција: Да се надеваме на Бога, нашиот сопатник кој ни вели „не плашете се, одете напред“

Генерална аудиенција: Да се надеваме на Бога, нашиот сопатник кој ни вели „не плашете се, одете напред“

Во продолжение на серијата јубилејни катехези за Исус Христос, нашата надеж, Светиот Отец пред присутните во салата Павле VI. истакна дека евангелистот Лука покажува што прави преобразувачката сила на Божјото Слово што стигнува до сиромашниот дом на младата Марија во Назарет, во село на периферијата на Израел, погранична област со паганите и нивните нечистотии.

Папата нагласи дека токму таму ангелот ја донесува пораката во сосема нов облик и содржина, така што срцето на Марија било потресено и вознемирено. „Наместо вообичаениот поздрав „мир на тебе“, ангелот и се обраќа на Богородица со повикот „радувај се!“, повик толку драг на светата историја, бидејќи пророците го користат кога го навестуваат доаѓањето на Месијата кај Ќерката Сионска. Тоа е повик за радост, кој Бог го испраќа до својот народ кога на прогонството му дојде крајот, а Господ дава да се почувствува неговото живо и активно присуство“, истакна папата Фрањо и продолжи:

Бог ѝ се обраќа на Марија со името на љубов непознато за библиската историја: kecharitoméne, што значи „полна со Божја благодат“. Тоа име кажува дека Божјата љубов престојувала веќе некое време и продолжува да престојува во срцето на Марија. Зборува и за тоа колку е мила и пред се како Бог со својата милост ја обликувал одвнатре, како каменорезец, правејќи ја свое ремек дело.

„Ангелот Гаврил на Богородица ѝ го навестува нејзиното послание, предизвикувајќи нејзиното срце да одекнат бројни библиски одломки кои се однесуваат на царството и месијанството на детето што треба да го роди, претставено како исполнување на древните пророштва. Словото кое доаѓа од небото повикува Марија да биде мајка на долгоочекуваниот Давидов Месија“, продолжи Светиот Отец и истакна:

Таквото мајчинство силно ја потресе Марија. А таа, како што беше паметна, способна да ги толкува настаните одвнатре, нивната духовна димензија, се труди да разбере и да распознае што и се случува. Марија не гледа надвор, туку внатре. И таму, во длабочините на отвореното и чувствително срце, го чувствува повикот да се довери во Бога.

„И во Марија пламенот на доверба расте: таа е „светилка со многу светла“. Марија го прима Словото во сопственото тело и така се впушта во најголемото послание кое некогаш и било доверено на некоја жена или било кое друго човечко создание. Се дава на служење!“, истакна Светиот Отец и заврши со молитва да учиме од Марија како да дозволиме Божјото Слово да ни ги отвори ушите, да го прифатиме и да го чуваме, за да ги претвори нашите срца во светохранилиште на Неговото присуство.

Во поздравите по катехезата, Папата додаде дека полските верници деновиве изразуваат посебна благодарност до бабите и дедовците славејќи го денот посветен на нив.

Тоа нека биде можност за градење и зајакнување на нов сојуз меѓу генерациите. Ве молам, во вашите молитви сетете се и на постарите лица во Украина кои ја живеат трагедијата на војната. Ве благословувам сите од се срце, особено бабите и дедовците!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот