Во Јордан уапсени тројца осомничени за убиството на девет христијани

Во Јордан уапсени тројца осомничени за убиството на девет христијани

Тројца мажи се уапсени под сомнение дека учествувале во смртоносниот напад врз грчко-православна црква во јужната јорданска покраина Карак, што се случи во петокот, 23 октомври 2026 година.

Јорданските безбедносни сили уапсија тројца вооружени мажи осомничени за учество во смртоносниот напад врз црквата во јужната покраина Карак.

Осомничените биле лоцирани во понеделник наутро, 26 октомври, во напуштена куќа во покраината, соопшти јорданската Дирекција за јавна безбедност (PSD), а пренесе новинската агенција KNA, повикувајќи се на извештај на јорданската државна новинска агенција „Петра“.

Осомничените дале отпор при апсењето и размениле оган со безбедносните сили, при што сите тројца биле повредени.

Властите засега не соопштија дополнителни детали за идентитетот на уапсените.

Јорданскиот крал Абдула II, коментирајќи го апсењето на платформата X, порача дека терористите нема да останат неказнети.

„Нема да биде толериран ниту еден поддржувач на мрачни идеологии што ги делат Јорданците“, напиша кралот.

„Јордан ја одмаздува крвта на своите маченици“, напиша на платформата X владиниот портпарол и министер за владини комуникации Мохамед ал-Момани.

Тој нагласи дека во Јордан нема место за тероризам.

Кта/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот