Во Штип се одржа Божиќен концерт и промоција на монографијата за 25 годишнтото епископство на монсињор Стојанов
Во Католичката црква „Свето Благовештние“ во Штип во вторник 17 декември 2024 година се одржа промоција на монографијата „25 години епископство на монсињор Киро Стојанов“ и традиционалниот Божиќен концерт на кој настапи Градскиот хор „Штип 2019“, а во органиаација на католичката парохија во Штип и Здружение Заедница на Хрвати Либертас. На настанот присуствуваше Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија, чесни сестри Евхаристинки, престатвници редот Свети Лазар Ерусалимски, верници и гости од Штип.
На почтокот од настанот парохот отец Тони Ангелов ги поздрави присутните, а потоа Градскиот хор „Штип 2019“ изведе хрватски и македонски божиќни песни. Промоторите протојереј ставрофор отец др- Зоран И. Стојанов и протојереј отец Гоце Костов ја преставија монографијата изнесувајќи важни детали од монографијата, како содржински, така и некои лични искуства кои не се запишани во монографијта, но се составен дел од животниот пат на епископот Стојанов.
На крајот епископот Стојанов упати благодарност до организаторите, промоторите и хорот. Посакувајќи им честит Божиќ и Нова година епископот ги благослови присутните.
к.мк