Во Скопје свечено е прославен празникот Вознесение на Пресвета Богородица

Во Скопје свечено е прославен празникот Вознесение на Пресвета Богородица

На 15 август 2025 година, на празникот Вознесение на Пресвета Богородица според Грегоријанскиот календар, во скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор Киро Стојанов ја предводеше свечената света Литургија

Со бискупот сослужуваа катедралниот парох патер Винко Маслаќ, деканот и директор на Македонски Каритас протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, бискупскиот канцелар протојереј ставрофор отец Марјан Ристов и катедралниот капелан патер Томислав Рукавина. На литургиската прослава присуствуваа бројни верници, сестрите Евхаристинки, сестрите Усмиленки и сестрите Мисионерки на Љубовта.

Во својата хомилија, бискупот Стојанов нагласи дека празникот Вознесение е „потсетник на вечната надеж кон која сите сме повикани“, додавајќи дека Богородица со својот живот на вера и понизност ни го покажува патот по кој и ние сме повикани да одиме.“

По завршувањето на светата Литургија, верниците учествуваа во свечена процесија околу катедралата со статуа на Пресвета Богородица. Евхаристиската прослава беше збогатена со пеењето на катедралниот хор под водство на Јулија Неловска, а на оргули свиреше Филип Костов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот