Во Руски Крстур се одржа симпозиум по повод 150 години од раѓањето на епископот Дионисиј Њаради

Во Руски Крстур се одржа симпозиум по повод 150 години од раѓањето на епископот Дионисиј Њаради

По повод 150-годишнината од раѓањето на епископот Дионизиј Њаради на 30 ноември и 1 декември 2024 година, во Руски Крстур и Нови Сад се одржи Меѓународниот научен симпозиум „Владиката Дионизиј Њаради: живот и дело“. На симпозиумот присуствуваше и Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов. Во рамки на првиот ден од симпозиумот на 30 ноември 2024 година се служеше света архиерејска Литургија во катедралата „Свети Никола“ во Руски Крстур, на која со месниот епископ Георги Џуџар, сослужуваа и епископот Стојанов, апостолскиот нунциј во Србија Санто Ганџеми, архиепископот Цирил Васиљ и епископот Милан Љах од Словачка со свештеници од повеќе земји. Во големата сала при катедралата „Свети Никола“ во Руски Крстур се оджа и академија со предавања одржани од професори и познавачи на мисијата на владиката Њаради од повеќе држави од југоисточна и централна Европа, а беа посветени на животот и делото на д-р Дионизиј Њаради, Крижевскиот епископ под чија јуриздикција во 1923 година биле доверени и католиците Македонци од источен обред. Во првиот ден од симпозиумот со свое предавање учествуваше и протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, декан на Деканатот Свети Кирил и Методиј, на тема „Епископот Њаради и Католичката црква од источен обред во Македонија“.

Вториот ден од симпозимот на 1 декември започна со света архиерејска Литургија во црквата „Светите апостоли Петар и Павле“ во Нови Сад, а академскиот дел продолжи во заводот за култура на војводинските Русини.

Организатор на симпозиумот е епархијата „Свети Никола“ – Руски Крстур, а ко-организатор е Националниот универзитет Ужгород – Научно и истражувачки институт за украински студии Михаило Молнар, Универзитетот во Нови Сад – Филозофски факултет – Катедра за Русински студии и Заводот за култура на војводинските Русини.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот