На 31 мај 2024 година, последниот ден од Мајската побожност, во црквата „Пресвета Богородица – Утешителка“ во Паљурци протојереј ставрофор Тома Ангелов – парох во Богданци го предводеше Молебенот до Пресвета Богородица, на кој учество зедоа сестрите Евхаристинки од Гевгелија и верници од Богданци и Гевгелија и Стојаково.
На присутните им се обрати о. Тома Ангелов, кој најпрво ги пренесе поздравите на епископот Стојанов и ректорот на светилиштето отец Зоран И. Стојанов, а потоа се осврна на Мајската побожност и чествувањето на Пресвета Богородица.
Светилиште Мајка Божја Утешителка во Паљурци е возобновено и благословено во 2018 година од страна на Н.В.П. д-р Киро Стојанов.