Во Охрид се одржаа духовни вежби за свештениците

Во Охрид се одржаа духовни вежби за свештениците

Од 21 до 24 октомври 2024 години во Пасторалниот цнетар во Охрид се одржаа духовни вежби за свештениците од Струмичко-скопска епархија и Скопска бискупија, кои ги предводеше отец Томаш Бак, парох во Куманово и Битола. Покрај свештениците на духовните вежби присуствуваше и Н.В.п. монсињор д-р Киро Стојанов.

Во своите размислувања дон Томаш Бак се фокусираше на молитвата, при што детално ги објасни условите за христијанската молитва, истакнувајќи дека таа пред сé е средба со Исус. Во размислувањата наменети за свештеничките духовни вежби тој се послужи со повеќе Исусови пароболи од Светото Писмо со цел да ја приближи важноста на молитва за свештеничкиот живот. Тој рече дека христијанинот, а посебно свештеникот не може да биде ослободен од три работи, без разлика дали е болен, презафатен или која било друга ситуација, а тоа се: молитвата, постот и милосрдието.

За време на светите Литургии Скопскиот бискуип и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов одржа пригодни проповеди, темелени на Светото Писмо, при што истакна и конкретни примери за сведоштва на верата од нашата средина.

Покрај предавањата, свештениците посветија и време за молитва, посебно Часослов, Света Бројаница и Обожавање на Светата Причест, а имаше можност и за Света Исповед.

Духовните вежби завршија со Света Литургија, и во таа прилика Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор Киро Стојанов му се заблагодари на дон Томаш Бак, за неговата посветеност и вложен труд за духовните вежби, посакувајќи му Божји благослов во неговото послание.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот