Во Гевгелија прославен празникот на Евхаристијата

Во Гевгелија прославен празникот на Евхаристијата

Празникот Пресвето Тело и Крв Христови, празникот на Евхаристијата, кој водено е и патрон празник на сестрите Евхаристинки, во недела 22 јуни 2025 година, свечено се прослави во Католичката црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија со света Литургија претпаладне и Обожавање на Светата Евхаристија, со процесија и благослов.

Светата Литургија ја служеше парохот отец Ристо Самарџиски, кој во својата проповед го објасни значењето на празникот Пресвето Тело и Крв Христови. За време на Обожавањето ги поттикна верниците секогаш да наоѓаат време да се молат пред Пресветата Олтарска Тајна, во која е присутен Исус и со него да разговараат за своите проблеми, да бараат од него совети, да ги искажат своите радост, таги и да му благодарат за сите благодати.

Во Обожавањето на Исус присутен во Евхаристија му искажаа верници од парохијата заедно со сестрите Евхаристинки, а најмалите со цвеќиња ја посипуваа патеката по кој се движеше процесијата со Евхаристискиот Исус.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот