Верници од парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ молеа Крстен пат на ридот Самораница
Побожноста Крстен пат заврши пред големиот Крст над Струмица, каде беа упатени молитви за семејствата, младите, болните и за мир во светот
На Крстопоклона недела, 15 март 2026 година, верници од парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ од Струмица молеа Крстен пат на ридот Самораница. Побожноста ја предводеше отец Гоце Костов, а текстовите на постојките ги читаа семејства и млади од парохијата.
Крстниот пат започна во подножјето на ридот, а заврши пред големиот Крст поставен над градот Струмица. Таму верниците упатија молитви за семејствата во парохијата, младите, болните, како и за мир во светот.
Оваа побожност претставува дел од долгогодишната традиција на парохијата во Великиот пост. Секоја година, во овој литургиски период, верниците се искачуваат на ридот Самораница, молејќи Крстен пат и размислувајќи за страдањата на Господ Исус Христос.
к.мк

