Божествена литургија во катедралата „Свети Стефан“ во Виена

Божествена литургија во катедралата „Свети Стефан“ во Виена

Божествената литургија според византискиот обред претставуваше литургискиот врв на Генералното собрание на епископите на Источните католички цркви во Европа, која се служеше во средата навечер, 10 септември 2025 година, во виенската катедрала „Свети Стефан“.

На свечената Литургија, на која сослужуваа повеќе од педесет епископи, ја предводеше големиот архиепископ Свјатослав Шевчук, поглавар на Украинската источно-католичка црква. Со него сослужуваа бројни митрополити и епископи, меѓу кои и Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, а присуствуваа и кардиналот Кристоф Шенборн – одговорен за источните католички цркви во Австрија, како и кардиналот Клаудио Гугероти, префект на Дикастеријата за Источни цркви.

Во својата проповед, кардиналот Шенборн нагласи: Не е честа појава во катедралата ‘Свети Стефан’ да се види ваква величествена Литургија. Богатството на боите можеби изгледа необично, но според источнокатоличкото сфаќање, сјајот и убавината ја отсликуваат небесната слава. Во Литургијата особено сме поврзани со небото. Тој подвлече дека Литургијата не претставува бегство во свет на илузии, туку носи утеха која единствено може да дојде „од небото.

Пленарното собрание на епископите се одржа од 8-11 септември, по покана на кардиналот Шенборн. Темата на собирот е „Единство во различноста“, со акцент на црковни и општествени прашања.

Во средата попладне, пред литургијата, во надбискупската резиденција во Виена се одржа средба меѓу епископите и политичарите. На неа присуствуваа и австриската министерка за култура Клаудија Плаколм, како и Патрик Лобис, раководител на претставништвото на Европската комисија во Австрија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот