Благовештение: Богородичното ‘ДА’

Благовештение: Богородичното ‘ДА’

Еве што всушност се случувало кај Марииното ДА до Господа…

„Моето ‘ДА’ е целосно согласување и на страдање, бидејќи во тој момент во своето девствено крило го прифатив целото страдание на Синот. Во духот ги видов Неговите рани на рацете Негови и на Неговите мали нозе уште пред да биде роден, и ужасната рана на Срцето уште пред да го почуствувам Неговото чукање, го видов распнат на Крстот пред да го видам како новороденче во јаслите“, му рекла Пресвета Дева Марија на празникот Благовештение на свештеникот о. Стефан Гобиј, основител на Свештеничкото Маријанско Движење, подготвувајќи ги преку него сите деца на патот за служба на Божјата волја во овие времиња. Во пораката која ја пренесуваме, таа ни дава насоки по кои би требало да одиме доколку сакаме и ние да одговориме на Божјиот повик, но и деталите на нејзиното ДА кое го отвори патот на човекот до Спасителот.

Мое и ваше ДА

„Возљубени синови, денес гледајте во својата небесна Мајка во часот кога го изговара своето ‘ДА’ на волјата Господова.

Ова ‘ДА’ во мојата душа процвета како плод на многу молчење. Во тоа внатрешно молчење секогаш сум го барала само Словото Божјо.

Во најдлабоката внатрешна тишина, Словото се соопштуваше на мојата душа, додека мојот дух се отвораше да го прими, а Срцето мое се затвораше за да го зачува внимателно.

Надворешното молчење ме лишуваше од бучавата, стресовите, настаните кои наоколу се случувале, со цел да се соберам за совршено прифаќање на Божјата волја, која сум настојувала да ја извршувам живеејќи понизен и едноставен живот.

Така молчењето го криеше големиот план на Отецот, а кога ми беше откриен, повторно морав љубоморно да го чувам во Срцето.

Затоа мојата мајчинска согласност била невидлива и таинствена, бидејќи само Отецот ја исчекувал и ја прифатил.

Моето ‘ДА’ расцвета од Срцето и како плод на многуте молитви.

Сега целиот мој живот беше средба на љубовта со Отецот кој во тајност сé повеќе ми го откриваше планот на Словото, кое ќе се овоплоти во моето девствено крило.

Ја разбирав вистинската смисла на божественото Писмо, и секоја работа ми стануваше сé појасна. Добро сум ја разбрала причината заради која сум била повикана. Сум морала да се подготвувам да го дадам своето тело и својата крв на Словото на Отецот, кое ќе се овоплоти во моето крило за да би се принело на Крстот како знак на спасение за сите.

Така моето ‘ДА’ исто така било целосно согласување на страдање, бидејќи во тој момент во своето девствено крило го прифатив целото страдание на Синот.

Во духот ги видов Неговите рани на рацете Негови и на Неговите мали нозе уште пред да биде роден, и ужасната рана на Срцето уште пред да го почуствувам Неговото чукање, го видов распнат на Крстот пред да го видам како новороденче во јаслите.

Возљубени синови, денес гледајте ја својата небесна Мајка во часот кога го изговара своето ‘ДА’ на волјата Господова. А сега и вие сте повикани да го повторите, со цел да се исполни и на вас планот на Отецот. Со своето Безгрешно Срце го прифаќам вашето ‘ДА’ кои денес сите ќе го изговорите. Ова ‘ДА’ мора да цвета во вас, мора да биде плод на тишината која ќе владее со вашите срца.

Во срцето чувајте го Словото на Отецот, во тајноста на душата чувајте го планот кое ви го открива Мајката.

Бегајте од бучавата на светот, бранете се од мноштво на зборови и слики, од сé што ве испревртува и ве валка. Денес, речиси и никој не знае да ја одржува оваа внатрешна тишина. И на тој начин мојот Непријател успева да ве заведе за да ги оскверни вашите срца и вашите души.

Кажете го вашето ‘ДА’ за да се исполни волјата на Отецот. Затоа сте повикани да продрете сé подлабоко во неговите сопствени тајни.

Вие правете тоа со со молитвата која ќе ве доведе до однос со Бога.

На тој начин ќе можете уште денес да станете глас на самиот Бог, на неговото оживотворено Слово. Исус од неговите свештеници го бара само тоа, а во исто време е предаден од многумина кои го злоупотребуваат Неговиот божествен збор.

Со мене кажете го своето ‘ДА’ на Крстот, возљубени мои синови, бидејќи и за вас дојдоа моментите на страданија и Голгота.

Како што сум го примила Словото на Отецот во моето девствено крило, така денес ве затворам сите од вас во моето Безгрешно Срце. Ве набљудувам во моментот на целосната предаденост, во моментот додека го изговарате вашето ‘ДА’.

Премили мои деца, вашето ‘ДА’ е стопено со моето ‘ДА’ кое секојдневно му го повторувам на Бога.

И тогаш може да се исполни на вас волјата на Отецот, а моето Безгрешно Срце ќе стане олтар на кое ќе бидете жртвувани за спасение на светот.“

Дневно/З.А

Категорија: Вера, Духовност

За авторот