Бискупот Стојанов упати писмо со сочувство по повод упокојувањето на г. Тимотеј

Бискупот Стојанов упати писмо со сочувство по повод упокојувањето на г. Тимотеј

По повод упокојувањето на Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор  Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов упати сочувство до Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ охридски и македонски, до членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, до духовенството и верниот народ на МПЦ-ОА, во кое изразува искрено и длабоко христијанско сочувство во свое име и во името на духовенството и верниот народ на Католичката црква во Македонија.

Во сочуството бискупот Стојанов истакнува дека г. Тимотеј беше човек кој до последно беше потпора, ја сакаше и почитуваше својата заедница и Христовата црква на која целиот свој живот го посвети и верно и служеше.

На крајот од писмото со сочувство монсињор Стојанов во молитвите ја препорачува душата на почитуваниот архиереј г. Тимотеј на Божјата добрина и милосрдие, а за сите ожалостени моли за утеха и помош.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот