Бискупот Стојанов во проштална посета го прими Амбасадорот на Унгарија во Македонија Н.Е. Ласло Иштван Дукс

Бискупот Стојанов во проштална посета го прими Амбасадорот на Унгарија во Македонија Н.Е. Ласло Иштван Дукс

Бискупот Стојанов на 11 јули 2022 година во Бискупската резиденција на Водно во Скопје во проштална посета го прими Амбасадорот на Унгарија во Македонија Н.Е. Ласло Иштван Дукс со семејството.

Средбата помина во многу срдечна атмосфера при која беа разменети мислења за доброто на општеството и црквата. Беше искажано обострано задоволство и благодарност за меѓусебната соработка како и за каритативната и хуманитарна дејност на г-ѓа Дукс.

Н. Е. Иштван Дукс шест години професионално ја извршуваше својата дипломатска дејност во Македонија, а при тоа не ја заборави ни својата верска припадност. Остави голем пример заедно со своето семејство дека покрај добар дипломат може да се биде и добар практичен верник.

Бискупот Стојанов му подари икона Мајка Божја и му посака успех на новото место и Божји благослов на целото семејство.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот