Апостолскиот нунциј Суријани ги предаде копиите од акредативните писма на министерот Османи
Во просториите на Минситерството за надворешни работи на Македонија, во среда 27 јули 2022 година, надбискупот Лучано Суријани, Апостолски нунциј во Македонија на средба со министерот за надворешни работи на Македонија ги предаде копиите од акредативните писма. Апостолскиот нуцниј Суријани беше придружуван од секретарот во нунцијатурата монсињор Џорџо Кеца.
На средбата соговорниците ја истакнаа добрата билатерална соработка помеѓу Светиот Престол и Македонија со желба за понатамошно зајакнување.
По средбата министерот Османи објави порака на неговиот Твитер профил во која се вели. „Со задоволство му искажувам добредојде на ватиканскиот надбискуп Лучијано Суријани, Апостолски нунциј во Македонија, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма. Се радувам на заедничката соработка за зајакнување на нашите пријателски билатерални односи.“
Папата Фрањо на 21 мај 2022 година го именува надбискупот Лучано Суријани за Апостолски нунциј во Македонија во пресрет на празникот на сесловенските апостоли Светите Кирил и Методиj.
Претходно надбискупот Суријани својата дипломатска служба ја извршуваше во Србија.
Ватикан њуз/к.мк