Таа мрачна страница на историјата не смее да се заборави, за да може да се изгради иднина во која повеќе нема да се гази човечкото достоинство, рече папата Фрањо во својот апел во средата, 26 јануари.
Утре е Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. Неопходно е да се потсетиме на истребувањето на милиони Евреи и луѓе од различни националности и вероисповеди. Оваа неискажлива суровост никогаш не смее да се повтори! Апелирам до сите, особено до просветните работници и семејствата, да ја зајакнат кај новите генерации свеста за ужасот и мрачната страна на историјата. Не смее да се заборави, за да може да се изгради иднина во која повеќе нема да се гази човечкото достоинство, рече Папата во својот апел на крајот од Генералната аудиенција во среда.
Ватикан њуз/к.мк