Во поздравите по пладневната молитва Ангел Господов, во недела 2 јуни 2024 гоидина, папата Фрањо своите мисли ги посвети на Судан, африканска земја која една година е растргната од конфликти и се соочува со тешка хуманитарна криза. Папата ги спомена и Украина, Израел, Палестина и Мјанмар и ги повика владетелите на властите да ја запрат ескалацијата и да ги вложат сите напори за дијалог и преговори.
Апел за Судан и за сите места каде што зборуваат оружјето. Папата Фрањо уште еднаш им се обрати на верниците во своите поздрави по неговото неделно попладневно обраќање, поттикнувајќи ги да молат за оние што живеат во војна.
Ве повикувам да молиме за Судан, каде што сè уште не е најдено мирно решение за војната што трае повеќе од една година. Нека замолчи оружјето, со ангажирање на локалните власти и меѓународната заедница, нека се даде помош на локалното население и бројните раселени лица; бегалците од Судан нека наидат на гостопримство и заштита во соседните земји.
Апел до властите
Папата Фрањо потоа директно им се обрати на политичките лидери во целиот свет, да дадат се од себе за да се постигне мир, посебно во земјите кои тој самиот секогаш ги споменува.
И да не заборавиме на напатените Украина, Палестина, Израел, Мјанмар. Апелирам на мудроста на оние кои се на власт за да се запре ескалацијата и да се вложат сите напори во дијалог и преговори.
Трагедијата на Судан
Како резултат на војната, Судан доживува драматична хуманитарна криза од април 2023 година, која, според извештаите на меѓународните организации, предизвика кошмарно сценарио во кое гладот се прошири низ големи области на земјата. Сè повеќе луѓе бегаат во соседните земји во потрага по егзистенција и безбедност – предупредува Постојаниот меѓуагенциски комитет на Обединетите нации – и се повеќе деца се жртви на болести и неухранетост.
Оттука и апелот до Хуманитарниот координативен форум, според чии податоци 18 милиони луѓе страдаат од глад, а 3,6 милиони деца од неухранетост, да се постигне итен прекин на огнот, заштита на цивилите и прекин на кршењето на човековите права, како и непречен пристап до хуманитарни помош преку сите гранични патишта.
Ватикан њуз/к.мк