Ангел Господов: Потребно ни е „чудо на нежност“ што ќе ги придружува оние кои се во искушенија

Ангел Господов: Потребно ни е „чудо на нежност“ што ќе ги придружува оние кои се во искушенија

Во текстот за пладневното обраќање кое го подготви за недела, 9 март 2025 година, Папата им се заблагодарува на оние кои се посветуваат на волонтерството, многу неопходно „во нашите општества кои премногу се подложени на логиката на пазарот, каде се е под ризик да биде подложено на критериумот на интерес и стремеж за профит. Папата им се заблагодарува и на оние кои долго време се грижат за него во болницата. На крајот упати апел за мир во земјите во војна: нека престане насилството во Сирија.

„Волонтерството е пророштво и знак на надеж“, нагласи папата Фрањо во текстот што го подготви за обраќањето пред молитвата Ангел Господов.

Потсетувајќи дека Пепелница го означи почетокот на Великиот пост, четириесетдневно покајничко патување кое нè повикува на преобраќање на срцето и нè води кон радоста на Воскресението, ги охрабри сите да работат посветено за да биде време на очистување и духовна обноваа, пат на раст во верата, надежта и љубовта.

Светиот Отец се осврна и на Светскиот јубилеј на волонтерството, нагласувајќи дека волонтерството е пророштво и знак на надеж во денешниот свет, бидејќи сведочи за приматот на великодушноста, солидарноста и служењето за оние на кои им е најпотребно. „На сите оние кои посветено работат на ова поле, им изразувам благодарност: ви благодарам што го донирате вашето време и вашите способности; „Ви благодарам за близината и нежноста со која се грижите за другите, будејќи во нив надеж“, рече Светиот Отец.

Тој им се заблагодари и на лекарите и здравствените работници за нивната нежност и служење во болницата, додавајќи дека додека е во болница мисли на многубројните луѓе кои на различни начини се блиски до болните и се знак на Господовото присуство за нив. Потребно ни е тоа „чудо на нежност“, кое ги придружува оние на кои се во искушение, внесувајќи малку светлина во ноќта на болка“, истакнува папата Фрањо.

Папата Фрањо се заблагодари на оние кои искажуваат молитвена близина со него, велејќи дека и тој се моли за нив. На крајот, ги охрабри сите да продолжат заедно да молат за дарот на мир, особено за напатената Украина, Палестина, Израел, Либан и Мјанмар, во Судан и Демократска Република Конго, како и во Сирија.

Посебно, со загриженост дознав за обновувањето на насилството во некои области на Сирија: се надевам дека тоа дефинитивно ќе престане, со целосна почит кон сите етнички и верски компоненти на општеството, посебно кон цивилите – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот