Ќе започне постапка за прогласување на блажена на Кјара Корбеле Петрило

Ќе започне постапка за прогласување на блажена на Кјара Корбеле Петрило

Со свеченоста која во римската базилика Св. Иван Латерански на 21 септември ќе ја предводи кардиналот Анџело Де Донатис официјално ќе биде започната постапка за каузата за беатификација на младата Италијанка која го жртвуваше својот живот за да може на светот да го донесе своето дете…

Во петок на 21 септември оваа година официјално ќе започне постапка за прогласување на блажена на Кјара Корбеле Петрило верничка лаик и мајка.

Кардиналот Анџело Де Донатис на тој ден во римската базилика Свети Иван Латерански ќе ја предводи свеченоста на која ќе биде означен почетокот на каузата на младата мајка која умре во 2012 година од тумор, откако одби да зема лекови за да не го загрози животот на детето кое го носи под своето срце. Во последните години од кога е започната каузата собрани се голем број документи и сведоштва кои го потврдуваат растечкиот глас на светост на Кјара Корбеле Петрило.

„Ако вистински сакаш, ќе сфатиш дека ништо не ти припаѓа, дека сѐ е дар“

Потсетуваме дека Кјара и нејзиниот сопруг Енрико се запознале во 2002 година во Меѓугорје, кога Кјара имала само 18 години, а се венчале во 2008 година. Во првите години од својот брак младиот пар се соочува со многу тешкотии, вклучувајќи ја и смртта на двете деца. Нивната ќерка умира 30 минути по раѓањето, а истото се повторува и со нивниот син. Кјара трет пат останува бремена во 2010 година. Меѓутоа наскоро ѝ е дијагностициран карцином на јазикот. Одбива лекување затоа што со тоа би го загрозирила животот на својот нероден син. Нејзиното лекување започнува дури откако го раѓа синот, во мај 2011 година, откако ракот бил раширен.

Ракот метастазирал на градите, црниот дроб, белите дробови и на едното око, но Кјара не ја загубила верата. Умира една година после раѓањето на синот, облечена во својата венчаница опкружена со семејството и пријателите. Иако многу парови се соочуваат со тешкотии, Кјара и нејзниот сопруг во целост се потпирале на Божјата милост, помирувајќи се со тоа дека нема заедно да остарат и дека Кјара нема да го гледа својот син како расте.

Пред смртта Кјара му напишала писмо на својот син. Во него пишува: „Било што ќе работиш, тоа ќе има смисла единствено ако на ум го имаш вечниот живот. Ако вистински сакаш ќе сфатиш дека ништо не ти припаѓа, туку сѐ е дар.“ Кјара својот крст (страдање) го прегрнува со вера и љубов, а тој ја носи во вечен живот.

Боок/к.мк

 

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот