Ѓорѓе Појразов, најстариот член на парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово, прослави 100 години
На 27 септември 2026 година, на празникот Воздвижение на Чесниот крст, за време на светата Литургија, на посебен начин се молеше за најстариот член на парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово, Ѓорѓе Појразов, кој го прослави својот 100-ти роденден.
Светата Литургија ја предводеше парохот отец Илија Стојанов, во сослужение на отец Ѓорѓе Појразов, внук на славеникот, а ѓаконираше отец ѓакон Спасе Спасов. Парохот Стојанов за време на проповедта потсети на крстот преку кој се покажува љубовта Христова, а не болката. Воедно на дедо Ѓорѓе му посака уште многу долги, мирни и благословени денови.
На крајот од светата Литургија, младите од парохијата му го честитаа 100-тиот роденден на дедо Ѓорѓе. Тие потсетија дека тој е најстариот член на парохиската заедница и сведок на многу промени низ кои минувало Радово во изминатиот век, а неговите спомени и раскажувања за некогашниот живот во селото и денес со интерес ги слушаат помладите генерации.
Ден претходно, членови на парохиската заедница предводени од парохот отец Илија, заедно со градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, го посетија дедо Ѓорѓе во неговиот дом и со пригодни подароци му го честитаа овој јубилеен роденден.
Нека Бог му подари уште многу години исполнети со здравје, мир и благодат! На многаја и благаја лета!

