Ходочеснички од Радово ја посетија Католичката црква во Прилеп

Ходочеснички од Радово ја посетија Католичката црква во Прилеп

На 26 април 2026 година, група жени од Радово, во рамки на ходочестието во, ја посетија капелата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Прилеп, каде што присуствуваа на света Литургија.

Ходочасничките беа пречекани од парохјаните и парохот дон Томаш Бак, кој служеше светата Литургија, на која присуствуваа и верници од прилепската парохија.

Во својата проповед, дон Томаш повика на молитва за духовни звања, како и на поддршка за сите кои служат и работат во „Божјата градина“. Тој ги охрабри присутните својот живот да го гледаат како Божји дар и секогаш да живеат со доверба во присуството на Добриот Пастир.

На крајот од Литургијата, с. Ана Тантушева изрази благодарност до дон Томаш Бак и до прилепските парохијани за приемот, гостопримството и заедничката молитва. Оваа средба придонесе за продлабочување на врските меѓу верниците од различни парохии.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот