На 8 септември 2025 година, верници од парохијата „Свети Петар и Павле“ од Гевгелија, предводени од својот парох отец Ристо Самарџиски и придружувани од Сестрите Евхаристинки, ходочестеа во светилиштето „Мајка Божја Утешителка“ во Паљурци.
Верниците во светилиштето заеднички молеа Светата Бројаница, а по завршувањето на молитвата следеше света Литургија. Мнозина верници, подготвени за тоа, ја примија светата Причест. По Литургијата, верниците ги измолија молитвите по накана на Светиот Отец за добивање потполн опрост.
По молитвениот дел, ходочесниците поминаа време во заедничко дружење, зацврстувајќи ги пријателските врски и заедништвото во верата.