На своето есенскo пленарно собрание, што се одржува во Фулда од 25 до 28 септември 2017 година, Германската епископска конференција ќе одбележи 150 години од првата официјална средба на германските епископи.
Животната средина, заканите од тероризмот, дијалогот со исламот и Епископската синода за млади се темите за кои ќе разговараат германските епископи. На конференцијата учествуваат 69 епископи, а со неа претседава кардинал Рајнхард Маркс.
Меѓу 14 и 17 октомври 1867 година во Фулда се среќаваат 14 епископи, претставници на уште четири епархии и двајца апостолски викари кои донесуваат одлука да се собираат на секои две години. Изборот на градот е од особена важност: во Фулда, Хесен, е гробот на свети Бонифациј, „апостолот на Германија”. Составот на првата конференција од 1867 година ги одразува политичките услови во тоа време: Максимилијан Џозеф Тарноци, епископ на Салцбург, е поканет на средбата, бидејќи епископите на Салцбург сѐ уште продолжуваат да ја носат титулата “Primas Germaniae”.
Сепак поради политички причини, другите австриски епископи не учествуваат. Бискупот Хајнрих Фостер, бискуп во Бреслау (денешен Вроцлав, од 1945 во Полска), исто така бил меѓу учесниците. Во наредните години учество земаат исто бискупите од Гнесен (денес Гнезно) и Посен (Познан), Кулм (Челмно) и Ермланд (Вармија), кои денес се полски градови и региони, како и бискупите на Лајтмериц (Литомержице), кој денес е во Чешка, Мец и Стразбур кои денес се во Франција. Политичките и територијални промени по Втората светска војна донесуваат истовремено и промена на учесниците.
Во својата сегашна форма Германската епископска конференција е основана во 1966 година Од 1867 година таа имала 11 претседатели, како најдолго претседател бил монс. Адолф Бертран, архиепископ на Бреслау, од 1920 година до неговата смрт во 1945 година Следува кардинал Карл Леман, епископ на Мајнц, кој претседавал со епископската конференција 21 година, од 1987 до 2008 година.
РВ/к.мк