Скопје: Прославен празникот Вознесение на Пресвета Богородица во небо

Скопје: Прославен празникот Вознесение на Пресвета Богородица во небо

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов го предводеше свеченото евхаристиско славење на празникот Вознесение на Пресвета Богородица во небо, во четврток 15 август 2024 година, во катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. На светата Литургија со бискупот сослужуваа катедралниот парох патер Винко Маслаќ, бискупскиот канцелар отец Марјан Ристов и директорот на Радио Марија и парох отец Гоце Костов.

Покрај бројниот верен народ на светата Литургија присустваа сестри Евхаристинки, сестри Усмиленки и сестри Мисионерки на Љубовта.

Во проповедта бискупот Стојанов се осврна на литургиските читање за празникот Вознесение на Пресвета Богородица, во која го истакна значењето на празникот, повикувајќи ја Богородица да биде наша застапничка и заштитничка кај својот Син.

На крајот од светата Литургија следуваше процесија околу катедралата со статуа на Богородица.

На свеченото евхаристиско славење пееше катедралниот хор под водство на Јулија Неловска, а на оргули свиреше Филип Костов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот