Синода: Размислување за жените и мирјаните и повик да се слушаат оние кои се чувствуваат исклучени
Во петок, 4 октомври 2024 година, на празникот Свети Фрањо, со честитка упатена до Светиот Отец за неговиот именден започна второто генерално собрание на Синодата за синодалност. Потоа следеа извештаите на петте јазични групи и 36 слободни презентации на теми како што се харизмите и богослужбите, литургијата, дијалог со културите и религиите.
Второто генерално заседание на редовното собрание на Епископската синода за синодалност во петок 4 октомври, на празникот Свети Фрањо Асишки, започна со најдобри желби за именденот на Папата и на сите што го носат името Фрањо. Во салата беа присутни 351 член. Прво, се презентирани извештаите на петте групи на различни јазици, од кои произлегоа заеднички прашања за самиот концепт на синодалноста, не како техника, туку како стил, и за прашања како што се улогата на жената, присуството на мирјаните и активно слушање на лица кои не живеат во согласност со учењето на Црквата.
Онаа иста Црква – како што рекоа известувачите на групата – која во светот на сираци може да биде семејство на оние кои немаат семејство – истакнаа на дневната конференција во Канцеларијата за печат на Светиот Престол префектот на Дикастеријата за комуникации, Паоло Руфини, претседател на Комисијата за информации и Шејла Пирес, секретар на Комисијата.
Покрај тоа во салата Павле VI. – како што известија – повеќе пати споменатата слика за Црквата како Тело Христово, кое, значи дека поврзува многу членови, односно бројни служби и харизми, но само во едно тело. Во таа смисла се разговараше на темата за улогата на жената и мирјаните. Разликите се неопходни – беше речено – сите харизми се важни, но не мора сите да бидат служби.
Ватикан њуз/к.мк