На брифингот во Канцеларијата за печат на Светиот Престол беше дадено охрабрување Синодата за синодалност да се гледа како можност уште еднаш да се поттикне мирот и почитувањето на човековите права. Трогателно беше сведочењето на монсињор Хаирала од измачениот Либан, како и болното и отворено сведоштво на бискупот Сатурне од се понесигурниот Хаити. Пристигна извештај од Филипините за мисионерска Црква во селата која ја следи миграцијата во градовите
Итен апел за мир од целата Синода пристигна во петок, 4 октомври 2024 година, во рамки на работата на XVI генерално редовно собрание на Епископската синода за синодалност. Учесниците на средбата го осудија секој фундаментализам и истакнаа дека сите треба да бидеме миротворци. Истовремено, од повеќе страни беше истакната потребата да се осудат главните причинители на сите зла, односно трговијата со оружје. Ова во сабота, 5 октомври, го објави префектот Паоло Руфини и Шеила Леокадија Пирес, односно претседателот и секретарката на Комисијата за информирање од Синодата.
Право на угнетените народи сами да одлучуваат за својата судбина
За жал, светот молчи или дава зелено светло на сето ова насилство бидејќи има премногу политички и економски интереси кои немаат врска со христијанските вредности – тажно истакна монсињор Мунир Хаирала, Маронитски епископ од Батрун, одговарајќи на прашања од новинари на брифингот одржан во сабота 5 октомври, во Канцеларијата за печат на Светиот Престол со цел да се информира јавноста за работата на Второто заседание на 16. редовно ренерално собрание на Епископската синода.
Од ранетиот Либан, од кој сведочењето на епископот длабоко ги допре сите учесници, при што надежта сè уште е присутна; и благодарение на ватиканската дипломатија, земјата на кедровите останува порака за мир – ова се зборовите на епископот кој потсети дека Резолуцијата за признавање на две држави и два народа (Израел и Палестина) секогаш била отфрлана од политичарите во Израел.
Не сакам да кажам дека сите Израелци се за насилство – истакна тој – само интересите се на прво место, но и Западот не нé поддржува, исто како што не ги поддржува угнетените народи, за да имаат право да одлучуваат за нивната сопствената судбина – рече епископот.
Средбата за синодалноста е добра можност повторно да се нагласи централното место на оние кои најмногу страдаат поради насилството и сиромаштво – беше истакнато на брифингот. Најважната одлука што треба да се донесе е Црквата преку Синодата да биде гласник на заедничкиот живот, почитување на другите и потребата да се ослободиме од стравот од другите. Тоа би бил првиот чекор како голема препорака за човештвото – коментира монсињор Хаирала.
Ватикан њуз/к.мк