Седумнаесетти ден: Душa, која целосно е предадена на Пресветото Срце Исусово
Предобриот Господ, насекаде наоѓајќи неблагодарни и рамнодушни луѓе, по Својата љубов го насочи погледот кон тебе, за да биде утешен преку твоето предавање. Не пропуштај да се препуштиш на вистинска љубов.
Ова предавање, кое Исус копнее да го прими од тебе, претставува сосема нова горливост во Неговата божествена служба, без да ги нарушува твоите секојдневни должности. Како душа целосно посветена Нему, сè што ќе посакуваш ќе биде да бидеш на услуга, дури и на најмали начини, на оние што те окружуваат, и така, служејќи им, да Го љубиш, да Му служиш и да го „задолжиш“ Божественото Срце.
На ист начин, биди горлив во молитвата за многу грешници да се вратат во стадото. Моли се за добри и ревносни свештеници што ќе служат на олтарите, како и за голем број великодушни души што целосно ќе Му се посветат на нашиот Божествен Спасител.
Исусе, помогни ми во секој миг да Ти ја докажувам својата љубов преку целосно предавање.
Кармел-бси/к.мк

