Претставено логото на Светскиот ден на младите во Сеул 2027 година

Претставено логото на Светскиот ден на младите во Сеул 2027 година

„Бидете храбри: Јас го победив светот“, е темата што ја избра папата Фрањо за 41. Светски ден на младите што ќе се одржи во Сеул во 2027 година, објавена е во изданието на весникот „L`Osservatore Romano“.

На конференцијата во прес-салата на Светиот Престол, оваа средба на млади ја најави кардиналот Кевин Фарел, префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, која го организира Светскиот ден на млади во соработка со локалните организациски одбори. Стихот земен од Евангелието според Иван му припаѓа на таканаречениот „проштален говор“ со кој Исус ги подготвува своите ученици да го живеат таинство на неговото страдање и смрт, во сигурноста на воскресението.

Префектот го започна својот говор истакнувајќи дека, по Манила во 1995 година, Светскиот ден на младите се враќа во Азија, во „мозаична“ земја на култури, јазици, верувања и традиции, каде што католиците сочинуваат 11% од населението и ја претставуваат Црквата како малцинство, но Црквата е „полна со виталност и иницијативи од секаков вид“ и „збогатена со херојското сведоштво на многу маченици“ од кои „сé уште извира многу силна светлина на верата и надежта“.

Денот на млади, продолжи кардиналот Фарел, претставува три можности: пред сè, тоа е можност за сите млади луѓе генерално да ја „откријат убавината на христијанскиот живот“, што потоа може да биде „плодна почва за процут на многу звања, за брак или за свештенство и за посветен живот“, во корист на Црквата во Кореја, за азискиот континент и за Универзалната црква.

Динамичниот азиски контекст ќе ги поттикне младите да размислуваат за дијалогот меѓу верата и современоста: ако климатската криза, економските нееднаквости, дигиталната револуција и губењето на смислата карактеристични особености на најразвиените општества, младите ќе бидат охрабрени да го дадат својот личен придонес за прочистување на современата култура и да преобразат со Евангелието. (…)

Во јубилејната 2025 година, кога младите се повикани да бидат ходочесници на надежта во Рим, темата на 40-тиот Светски ден на младите избрана од Светиот Отец е „И вие ќе сведочите бидејќи сте со мене од почетокот“ ( Иван 15, 27). Тоа е стих што исто така е преземен од „прошталниот говор“ на Исус, а стихот е мост до Сеул, каде што „младите ќе можат да се сретнат со Петровиот наследник за да дадат заедно храбро сведоштво за Христос“, нагласи кардиналот. (…)

За време на прес-конференцијата беше претставено логото на Светскиот ден на младите во Сеул; крст вдахновен од традиционалната корејска уметност кој е изработен со два потези со четка, едниот крак свртен нагоре, а другиот надолу; тоа е симбол на врската помеѓу небото и земјата, и исполнувањето на Божјата волја.

Монсињор Пол Кјунг-санг Ли, помошен бискуп на Сеул и генерален координатор на Светскиот ден на младите, објасни други детали: сината и црвената се боите на корејското знаме, но и бои кои потсетуваат на виталноста на младите луѓе и на крвта на мачениците; така повикуваат на храброст, а жолтата боја што свети зад крстот го претставува Христос „Светлина на светот“.

Монсињор Ли потоа наведе некои иницијативи и подготовки за Светскиот ден на младите, вклучително и кампања посветена на принос на една милијарда бројаници, средби на млади луѓе во 19 деканати на епархијата, наградата „Тајната на животот“ за охрабрување на младите научници на христијанска духовност да ги споделуваат своите академски придонеси со целата Црква. На крајот генералниот координатор на Денот најави дека по повод јубилејната година ќе учествуваат илјада млади поклоници на Јубилејот на млади. (…)

КТА/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот