Преобраќање на свети Павле

Преобраќање на свети Павле

Гледајќи го ликот на свети апостол Павле, можеме да се восхитуваме на прекрасното дело на Црквата. Тертулијан веќе кажа дека крвта на мачениците е семе на христијаните. Во близина на големото стебло на Црквата, на кое му должи свети апостол Павле, има зрно кое, паѓајќи на земја, умрело: Свети Стефан, ѓакон.

За време на неговото мачеништво, Савле ја чувал облеката на оние што го каменувале. Самото спомнување на облеката е симболично. Облеката во Библијата е симбол на достоинство. Така се роди Павле, од мачеништвото на Стефан и оние кои самиот Павле ги прогонуваше и ги затвораше.

Дали веруваш дека твоето мачеништво може да биде почеток на нечие преобраќање? Дали веруваш дека ако умреш за својот ближен, за своето семејство, за своите деца, за својата жена, за …, тие ќе можат да се вкоренети во Царството Божјо?

Понизната служба на христијаните го прави евангелието да се шири низ сите делови на земјата. На пример, Ананија: тој бил ученик од Дамаск, а некогаш скромно му служел на слепиот Савле, кој бил познат како непријател на Црквата. А за кого знаеме повеќе сега: за Ананија или за тој Савле…? Меѓутоа, можеби нема да знаевме ништо за Савле без Ананија. Дали веруваш дека твојата скромна служба и послушност кон Божјото слово може некого да го направи да биде голем апостол?

Кредо/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот