Порака за Светскиот ден на болните: Надежта нè прави посилни

Порака за Светскиот ден на болните: Надежта нè прави посилни

Во својата порака за 33. Светски ден на болните, кој Црквата ќе го прослави на 11 февруари 2025 година, на литургискиот празник на Пресвета Богородица од Лурд, Папата размислува за надежта што нè зајакнува во искушенијата и повикува на солидарност со оние кои страдаат.

Оваа година настанот добива особено значење во контекст на Јубилејната година, кога Црквата ги повикува верниците да станат „ходочесници на надежта“.

Надежта е дар, кој треба да се прифати и развие

Во својата порака Папата се задржа на зборовите на свети Павле: „Надежта не разочарува“ (Римјаните 5,5), нагласувајќи дека надежта е таа што нè прави силни во искушенијата. Папата Фрањо размислува за прашањата кои често се поставуваат меѓу болните: Како да останеме силни кога сме погодени од сериозни болести, чие лекување често е надвор од нашите можности?

Болеста станува можност за средба која нé менува

Светиот Отец нагласува дека во моменти на болест човекот ја открива не само својата слабост, туку и присуството на Бога. „Во време на болест ја запознаваме Божјата близина и сочувство, кој во Исус го искуси нашето страдање. Тој не нè напушта и често нè изненадува со дарот на цврстина што никогаш не сме ја очекувале од самите себе“, напиша Папата.

Местата на страдање стануваат училишта на надеж

Светиот Отец посветува посебно внимание на важноста на солидарноста во местата каде што има болни луѓе. „Во болниците и клиниките стануваме ангели на надежта, Божји гласници еден на друг – сите заедно: пациенти, лекари, медицински сестри, роднини, пријатели, свештеници, верски лица“, нагласува Папата.

На крајот од својата порака Светиот Отец се обраќа кон Богородица, здравје на болните, со молитва за нејзино застапништво за сите болни и оние кои се грижат за нив. Папата повика и на молитви за него.

Светскиот ден на болните е востановен од Свети Иван Павле Втори во 1992 година. и оттогаш стана годишен повод за посебно внимание на проблемите на болните и здравствените работници во светот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот