Папата ја прими на аудиенција претседателката на Малта, Миријам Спитери Дебоно

Папата ја прими на аудиенција претседателката на Малта, Миријам Спитери Дебоно

Средбата се одржа во понеделник, 2 март 2026 година, во Апостолската палата во Ватикан. За време на разговорите во Државниот секретаријат беа разменети мислења за актуелни меѓународни прашања, со посебно внимание на состојбата на Блискиот Исток и во Украина.

Папата Лав XIV ја прими на аудиенција претседателката на Република Малта, Миријам Спитери Дебоно. По аудиенцијата, таа се сретна и со државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.

Разговори во Државниот секретаријат

„За време на срдечниот разговор во Државниот секретаријат беа разменети мислења за актуелни меѓународни прашања, со посебно внимание на состојбата на Блискиот Исток и во Украина“, се наведува во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Во продолжение на разговорите, се истакнуваат добрите билатерални односи и плодната соработка меѓу Црквата и државата на различни подрачја, со осврт на теми од заеднички интерес, како што се демографската состојба и миграциите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот