Папскиот авион слета, во недела 29 септември 2024 година, на римскиот аеродром Фиумичино во 15.00 часот. Пред да се врати во Ватикан, папата Фрањо застана да се помоли пред иконата Salus Populi Romani во базиликата Света Марија Велика
Попладнето, по враќањето од апостолското патување во Луксембург и Белгија, папата Фрањо отиде во базиликата Света Марија Велика, каде како и секогаш кога е на вакви патувања, се задржа во молитва пред иконата на Богородица, која е позната како Salus Populi Romani. Потоа се врати во Ватикан .
Збогум со желбата за мир
По потпишувањето во книгата на гости во ВИП-салонот на воената база, папата Фрањо помина пред построената почесна гарда, по што влезе во авионот А321 Нео на „Бриселс ерлајнс“. Авионот со папската придружба и новинарите полета во 13.21 часот и слета на аеродромот Фиумичино во Рим во 15.00 часот.
Ви благодарам за моментите на братство
Во телеграмата додека минуваше над Белгија, Папата повторно им се заблагодари на кралското семејство и на белгиското население „за многубројните гестови на гостопримство и братство“ што му беа упатени во деновите на неговата посета.
Во телеграмата до германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, Папата посака „нацијата да биде изобилно благословена со даровите за здравје и мир“ од Севишниот и упати слични желби до Австрија, преку нејзиниот шеф на државата, Александар Ван дер Белен. .На крајот, посакувајќи „мир“ на Италија, папата Фрањо му напиша на претседателот Серџо Матарела дека се сретнал со „луѓе со древни духовни традиции“ кои се подготвени „да напредуваат во служење на своите браќа, отворајќи ги патиштата на надежта“.
Ватикан њуз/к.мк