Папата Фрањо ја прими во аудиенција Екуменска делегација од Финска по повод празникот на патронот Свети Хенри и потсети на вредноста на заедничкото понирање во раните на сиромашните. Крштевањето е она што бара реализација на дела на праведност и конкретни гестови на блискост со најслабите
Крштението ги повикува сите христијани великодушно да остваруваат дела на правда, како и конкретни гестови на близина со оние кои се жртви на неправда, отфрлање, разни облици на угнетување и пред се војни – со овие зборови и се обрати папата Фрањо во четврток 19 јануари 2023 година на Екуменската делегација од Финска која пристигна во Рим, како и секоја година, по повод празникот Свети Хенри, заштитникот на таа скандинавска земја, кои доаѓаат на средбата не само лутерани и католици, туку и православни и методисти. Заблагодарувајќи му се на лутеранскиот бискуп од Еспо, Кајсамарија Хинтика, која е шеф на делегацијата, за изразеното сочувство по повод смртта на Бенедикт XVI, го спомена Балтичкото Море и со тоа повторно се осврна на конфликтот во Украина.
Ви благодарам и затоа што ме потсетивте за сликата на Балтичкото Море, извор на живот загрозен од човековата активност, место за средба што болно ја чувствува климата на конфликт предизвикана од суровата бесмисленост на војната, бидејќи војната е секогаш пораз.
Во раните на сиромашните
Треба да се биде благодарен за крштението – истакна потоа Папата – што овозможува помирување со Бога, со другите, со создадениот свет.
Ние сме помирени деца и затоа сме повикани уште да се помируваме меѓу себе и да бидеме работници на помирувањето во светот.
Спомнувајќи ја молитвената осмина за единство на христијаните, која започна на 18 јануари 2023 година, Светиот Отец ги поттикна христијаните да бидат сведоци на верата во Христа и заедно да влезат во раните на сиромашните, исто како што Тој влезе во кревкоста на човечката состојба.
Во заедницата на сите крстени, знаеме дека всушност сме соединети едни со други, овде и сега, со секоја сестра и брат во Христа, но и со нашите мајки и татковци во вера кои живееле пред нас.
Убавината на единството
Со свети Хенрик, сведок на верата, гласник на надежта и орудие на љубовта, се празнува екуменското заедништво на сите светци, знајни и незнајни, родени во нов живот започнувајќи од крштелната вода.
Во сѐ да препознаваме колку е големо единството што нè врзува и колку е важно да се молиме заедно, да работиме упорно и интензивно, да разговараме за да ги надминеме поделбите и, според волјата Господова, да бидеме едно во троичното заедништво, за да поверува светот.
Горлив занес за евангелизација
Сепак, свеста за сето тоа не е доволна – предупреди римскиот бискуп – неопходно е да се негува вистински занес кој произлегува од љубовта кон заедништвото, од желбата да се надмине противсведоштвото поттикнато од историските поделби меѓу христијаните, кои силно ги раниле единството на телото Христово.
Потребен ни е, пред сè, горлив евангелски занес, затоа што со заедничкото навестување повторно се откриваме себеси како браќа и сестри; и затоа што сфаќаме дека не можеме достојно да го шириме името на Исус, кој се роди, умре и воскресна за сите, без да бидеме сведоци на убавината на единството, препознатливиот знак на неговите ученици.
Креатори за помирување во светот
Затоа Светиот Отец ги поттикна никогаш да не се уморат да ги сакаат, да се надеваат, да ги бараат оние што се далеку, да горат одвнатре од желба да го проповедаат Исус и да градат единство. Се молиме за дарот на обновената апостолска ревност, која ќе ни овозможи повторно да ги откриеме нашите браќа и сестри во Христа кај другите верници, што ќе ни овозможи да се чувствуваме како апостоли кои Бог ги помирил за да можеме да се помириме меѓу себе и да станеме творци за помирување во светот – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк