Папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 5 јануари 2022 година сподели размислување за татковството на свети Јосиф, молејќи ниту едно дете да не биде лишено од татковска љубов.
Продолжувајќи со катехезата посветена на свети Јосиф во фокусот на размислувањето на Папата беше татковството на свети Јософ. Во Евангелието според Лука и Матеј рече Светиот Отец Јосиф се претставува како Исусов „очув“.
Практиката на појсвојување била многу почеста во античкото време на Исток отколку во нашите општества, рече Папата наведувајќи го примерот како во стариот Израел се барало маж да се ожени со жената вдовица на својот починат брат, ако починал без машки наследник (сп. 5 Мој, 25, 5-6) Во тој случај во законска смисла татко на првородениот син од тој брак би бил починатиот маж, обезбедувајќи така наследник и зачувување на имотот на починатиот.
Институцијата татковство вклучувала и право да се именува син како што Јосиф направил со Исус со тоа правно го признава. Во старите времиња, името го претставувало резимето на идентитетот на личноста. Промената на името би значела промена на самиот себе, објасни Папата, давајќи примери како Бог го променува името на Аврам во Авраам, а на Јаков во Израел – и двете ја вклучувале промената на идентитетот на патријарх. Свесен за тоа, Јосиф веќе знаел дека Бог, вистинскиот татко го подготвил името за својот Син кој значи „Господ спасува.“
Во продолжение на катехезата Папата се фокусираше на татковството и мајчинството, истакнувајќи дека луѓето стануваат родители презимајќи одговорност за своите деца. Татковците не се раѓаат, туку се создаваат. Мажот не станува татко едноставно донесувајќи дете на свет, туку преземајќи ја одговорноста да се грижи за тоа дете. Било кога човекот да прифати одговорност за животот на другиот, тој на некој начин станува татко на таа личност, рече папата Фрањо, цитирајќи го апостолското писмо Patris Corde.
Говорејќи за посвојувањето, Папата рече дека Јосиф покажува дека тоа не е засновано на секунадарна врска со детето. Оваа врска на избор е еден од највозвиешените облици на љубов и родителство, нагласи Папата. Колку многу деца во светот чекаат некој да се грижи за нив, рече Папата. А колку многу сопружници сакаат да бидат татковци и мајки, а не можат тоа да го направат од биолошки причини; или веќе имаат деца, но сакаат да ја поделат љубов на своето семејство со оние кои се лишени од таа љубов.
Папата Фрањо ги охрабри семејствата кои имаат волја да го изберат патот на посвојувањето и да го „преземат ризикот за прифаќање на децата.“ Додавајќи коментар, Папата се осврна и на „демографската зима“ во некои делови на светот и ги повика брачните парови да ги прифатат децата – без разлика дали со природно раѓање или посвојување, наместо да купуваат сѐ повеќе кучиња и мачки на местото на деца. Да имаш дете, нагласи Светиот Отец, било природно или со посвојување е секогаш ризик. Но, поризично е да ги немаш, да го негираш татковство и мајчинството, без разлика дали е реално или духовно. Понатаму, Светиот Отец ги повика цивилните институции да го промовираат законското посвојување со сериозно придружување, но и поедноставување на потребната процедура за остварувањето на сонот на голем број деца на кои им треба семејство.
На крајот, Папата молеше ниту едно дете да не биде лишено од татковската љубов. Нека свети Јосиф ги заштити и ја даде својата помош на сираците, молеше и нека се застапува за паровите кои сакаат да имаат дете. Катехезата ја заврши со молитва до свети Јосиф:
Свети Јосифе,
ти кој си го љубел Исус со татковска љубов,
биди близу до голем број деца кои немаат семејства
и кои сакаат татко и мајка.
Помогни им на паровите кои не можат да имаат деца
помогни им преку ова страдање да откријат поголем план.
Погрижи се на никој да не му недостасува дом, поврзаност
личност која се грижи за него или за неа;
и лекувај ја себичноста на оние кои се затвораат за животот
да ги отворат своите срца за љубовта. Амин.
Ватикан њуз/к.мк