Поздравувајќи ја група виетнамски добродетели на Папските мисионерски дела од Соединетите Американски Држави, Папата ја истакна силната вера на многу католици кои емигрирале од таа азиска земја во Америка: Тоа е вдахновение за да се поддржат христијанските заедници дури и кога се далеку од нивната татковина.
Радоста во поддршката на оние што живеат на маргините на општеството беше во фокусот на поздравот на папата Фрањо до група добродетели на Папските мисионерски дела, по потекло од Виетнам, кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави. Делегацијата, која Папата ја прими во аудиенција на 19 декември 2024 година, а во моментов е во Рим на ходочестие.
Да се навестува Исус секогаш, секаде и на секого
Папата Фрањо го спомена претстојното отворање на Светата врата и почетокот на Јубилејот, уште еднаш изразувајќи надеж дека Светата година ќе биде време на автентична и лична средба со Господ Исус Христос, која – додаде тој, цитирајќи ја булата Spes non confundit – секогаш, секаде и секому треба да се навестува како наша надеж.
Поддршка за мисионерските дела на Црквата
Дел од таа перспектива е ангажираноста на присутните на аудиенцијата во поддршката на мисионерските и добротворните дела на општата Црква, кои се конкретен израз на навестувањето кое на тој начин ќе може да допре до многу наши браќа и сестри во различни делови на светот.
Заемна и радосна помош
Папата потсети на првите чекори што ги преземала Црквата. Тоа беше заедница каде членовите се поддржуваа едни со други. И денес сме повикани да одговориме на заповедта Господова да се грижи за најмалите меѓу нас.
Оваа помош нека им биде дадена на најмалите со радосно срце, со насмевка.
Верата ја вдахновува поддршката за христијанските заедници
Според папата Фрањо, карактеристичен знак на многуте католици кои емигрирале во САД од Виетнам е нивната цврста вера. И денес е вреден извор за поттикнување на желбата да им се помогне на христијанските заедници, дури и кога се далеку од својата татковина.
Господ нека ви даде секогаш да ја давате вашата милостина во радосен дух, а вашите жртви да вродат плод во животот на браќата и сестрите, кои така ќе можат да ја искусат нежната и сочувствителна Христова љубов.
Ватикан њуз/к.мк