Папата Фрањо ги повика мотоциклистите да се грижат за безбедноста на патиштата

Папата Фрањо ги повика мотоциклистите да се грижат за безбедноста на патиштата

На 25 ноември 2024 година Папата се сретна со претставници на Италијанската федерација на мотоциклисти и ги повика да продолжат со едукативната работа за безбедноста на патиштата меѓу младите луѓе.

Светиот Отец ја истакна важноста на мисијата за унапредување на безбедноста на патиштата и ја истакна улогата на федерацијата во управувањето и регулирањето на мотоциклизмот и на национално и на меѓународно ниво.

„Многу луѓе гинат на патиштата, многу од нив млади! Во многу случаи, лошото познавање или непочитувањето на правилата за безбедност го загрозува не само животот на возачите, туку и другите“, нагласи Светиот Отец.

Папата на посебен начин ја истакна важноста на образовните програми за безбедност на патиштата во училиштата што ги спроведува Федерацијата. Ова им овозможува на младите луѓе кои го сакаат мотоциклизмот да бидат повеќе свесни за потенцијалните опасности.

Завршувајќи ја средбата, папата Фрањо ги замоли присутните да се молат за него, на шега споредувајќи ја неговата работа како брзо возење со стар мотор: „Молете се за мене затоа што ми треба: мојата работа е многу брза, а мојот мотор е стар и не работи добро!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот