Зборувајќи на учесниците на генералниот капитул на Облатите на Свети Јосиф, папата Фрањо рече незаузданиот релативизам ја загрозува христијанската вера.
На 31 август 2018 година папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на генералниот капитул на Облатите на Свети Јосиф, предупредувајќи притоа дека живееме во време на незауздан релативизам кој во темелите ја поткопува зградата на верата и самата идеја на христијанската верност ја лишува од значење.
Нетолерантниот рационализам и незаузданиот релативизам
Светиот Отец рече дека нивниот основател свети Јосиф Марело живеел во перидот на рационализмот кој бил нетолерантен кон секоја духовна догма. Бидејќи тој период е сличен на нашата култура, Папата напомена дека сведоштвото на тој светец е порелевантно од било кога.
Соочени со површната култура која го воздигнува поседувањето на материјалните добра и ветува среќа по пат на опасни директни патишта, вие не пропуштајте да ги поттикнувате младите луѓе да го калат својот дух и да формираат зрела личност која е способна за сила, но и за нежност – истакна папата Фрањо.
Примерот на свети Јосиф
Ги повика облатите да го следат примерот на свети Јосиф од Назарет кој живеел сокриен, понизен и работен начин на живот. Тој верно и едноставно го живеел својот повик како чувар на Марија и Исус – рече Светио Отец и продолжи: Бил близу до својата жена како во радосните така и во тешките моменти и заедно со неа воспоставил чудесна близина со Исус кој тој постојано го имал пред очите.
Папата истакна дека облатите се повикани да ги наследуваат добродетелите на свети Јосиф, а тие добродетели се: понизноста која ја привлекува добрината на Отецот; потоа близината со Господ која го посветува целокупното христијанско делување; и тишината и контемплацијата соединети со жарот и радоста да се промовира Господовата волја.
Папата Фрањо со зборовите на основателот на Облатите на Свети Јосиф го резимираше нивниот начин на живот: Бидете картузијанци дома, а апостоли надвор. Светиот Отец на крајот молеше од двајцата Јосифи, заштитникот на општата Црква и нивниот основател да го направат генералниот капитул плоден и да го поддржуваат посланието на нивниот институт.
Ватикан њуз/к.мк