Папата на светата Литургија во домот Света Марта се молеше за семејствата кои со децата се затворени дома
Папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта се молеше за семејствата кои во оваа кризно време се принудени да бидат затворени дома. Во проповедта Папата поттикна понизно да се молиме без замисленоста дека сме праведни.
Денес мислам на семејствата кои не можат да излезат од дома. Можеби балконот им го нуди единствениот поглед кој го имаат. Во куќите се затворени цели семејства; деца, млади и родители – рече папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 21 март 2020 година и се молеше во семејството да знаат да најдат начин како меѓусебно добро да комуницираат, да градат односи на љубов и заедно да ги победуваат неволјите на ова време. Во оваа криза да се молиме за мир и креативност во денешните семејства – истакна Папата.
Коментирајќи ги читањата од денешната Литургија од Книгата на пророкот Осија и делот од Евангелието според Лука во кој Исус зборува за параболата за фарисејот и митарот, Светиот Отец поттикна да се вратиме на понизната молитва во која ќе се признаеме за грешници, а не со замисленост дека сме поправедни од другите. Во параболата од вчерашната Литургија слушнавме: „Обрани се, Израиле кон Господа твојот Бог“, во истата Книга на пророкот Осија наоѓаме и одговор: „Да одиме и да се вратиме кон Господа!“ Тоа е одговорот кога она „Обрани се, Израиле“ го допре срцето: „Да одиме и да се вратиме кон Господа! зашто Он ќе нè рани, и Он ќе нè исцели, ќе нè порази – и ќе ни ги преврзе раните наши; И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; појавата Негова е како утрена зора, и Он ќе дојде при нас како дожд; како доцен и ран дожд ќе ја наполни земјата“- цитираше Папата.
Со таа надеж народот започнува да оди за да се врати кон Господ – рече папата Фрањо и толкуваше: Еден од начините како да Го пронајдеме Господ е молитвата. Да Го молиме Господ и да се вратиме кон Него. Во Евангелието Исус нè учи како да се молиме. Таму се двајца луѓе, едниот замисле кој оди да се моли, но за да каже дека е добар; како да Му кажал на Бог: „Гледај колку сум добар: ако нешто ти треба, кажи ми, ќе го решам твојот проблем.“ Така Му се обраќа на Бог. Тоа е суета. Можеби ги правел сите рабти кои ги пропишувал законот; вели: „Постам два пати во седмицата, давам десеток од сè што добивам.“ „Добар сум!“
Тоа однесување нè потсетува на други двајца луѓе – рече Папата и продолжи: Нè потсетува на постариот син од „параболата за блудниот син“, кога на таткото му кажува: Еве, те служам толку години и никогаш не ја прекршив твојата заповед; и мене не си ми дал ни едно јаре, за да се провеселам со моите пријатели; а кога дојде овој твој син, што го упропасти својот имот со блудници, за него ти закла угоено теле“. Тоа е суетна личност. Другиот човек чија приказна ја слушнавме овие денови е богатиот без име; бил богат, но неспособен да си создаде име, туку го интересира туѓата беда. Тие се оние кои се сигурни во себе, во парите и моќта. Потоа имаме митник кој не оди пред олтарот, туку останува на одалечност. „Стоеше оддалеку; не смееше дури (н)и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: »Боже, биди милостив спрема мене грешниот!“
Тоа однесување нè потсетува на блуднит син – рече Светиот Отец и додаде: Станал свесен за гревот и лошите работи кои ги направил; и тој се удара во градите: Ќе станам и ќе отидам при татка си и ќе му речам: Татко, згрешив против небото и пред тебе.“ Тоа е понизност. Молитвата на митникот нè потсетува на просјакот Лазар пред вратата на богатиот кој живеел во беда пред замисленоста на тој господин. Тоа поврзување на луѓето во Евангелието секогаш е присутно.
Во тој случај Господ нè учи како да молиме, како да се приближиме, како мора да се приближиме до Господ – рече папата Фрањо и напомена: Мора да се приближиме понизно. Во химната за литургиската прослава за празникот на свети Иван Крстител има една убава слика. Химната кажува дека народот „со гола душа и нозе“ се приближи на реката Јордан за да се крсти. Тоа значи дека треба да се молиме со гола душа, без прикривање и претерување со своите добродетели. Бог, го читавме тоа на почетокот на светата Литургија ни ги простува сите гревови, но потребно е да му ги покажеме гревовите со својата голотија. Треба да се молиме така голи, со голо срце, без покривање и доверба во она што сме го научиле за начинот како да се молиме. Да молиме, Ти и јас лице во лице, со гола душа. Тоа е она што Господ нè учи.
Меѓутоа кога одиме кај Господ премногу сигурни во себе, паѓаме во замисленоста на тој фарисеј или постариот син или оној богатиот на кој ништо не му недостигало – рече Папата и истакна: Нашата сигурност е на друго место; одиме кај Господ, сакаме да одиме, сакаме да се однесуваме како добро воспитани, Му се обраќаме на ТИ. Но, тоа не е патот. Патот е да се спуштиме и да се понизиме. Патот е реалноста. Единствениот човек кој ја разбрал реалноста бил митникот кој рекол: „Ти си Бог, а јас сум грешник.“ Таа е реалноста. Но дека сум грешник мора да кажам не со устата, туку со срцето. Мора да се чувствувам како грешник.
Да не заборавиме дека Господ нè поучува дека е горделивост да се оправдуваме, а горделивост да се воздигнуваме – рече Светиот Отец и истакна: Тоа значи да се преправаме дека сме она што не сме, а нашата беда останува во нас. Фарисејот се оправдувал. Потребно е директно да ги исповедаш своите гревови, без оправдувања, не говорејќи: „Го направив тоа, но не беше моја вина.“ Ни треба гола душа. Нека Господ нè научи да го сфатиме тој став кој е потребен кога започнуваме да молиме. Кога молитвата ја започнуваме со своите оправдувања и сигурности, тоа нема да биде молитва, туку разговор со огледалото.
Меѓутоа кога молитвата ја започнуваме со вистинската реалност, тогаш кажуваме: „грешник сум, грешничка сум.“ Тој дар е напредок, да се препуштиме на Господ, да нè гледа. Нека Господ тоа нè научи! – рече папата Фрањо и светата Литугија ја заврши со Евхаристиско обожавање и благослов, повикувајќи нè на духовна причест. Исусе мој, верувам дека си реално присутен во Пресветата Евхаристија. Те љубам повеќе од сите работи и те сакам засекогаш во својата душа. Бидејќи сега не можам да те примам во светата Тајна, дојди барем во духот во моето срце. И затоа што веќе стигна, Те прегрнувам и целиот се соединувам со Тебе. Не допуштај никогаш да се оделам од Тебе – на крајот заврши со таа молитва Папата.
Ватикан њуз/к.мк