На крајот од Генералната аудиенција, во среда 6 август 2025 година, папата Лав потсети на 80-годишнината од атомското бомбардирање на Хирошима, Јапонија, и повикува на правда, дијалог и братство во светот.
На 80 – годишнината од атомското бомбардирање на јапонскиот град Хирошима, папата Лав XIV потсети на десетиците илјади убиени и повредени на 6 август 1945 година. Тој исто така истакна дека за само три дена, светот ќе одбележи уште една тажна годишнина: бомбардирањето на Нагасаки.
На крајот од Генералната аудиенција, Папата упати зборови на солидарност: „Сакам да ги ветам моите молитви за сите оние кои ги претрпеа нејзините физички, психолошки и социјални последици“.
Тој истакна дека и покрај осумте децении што поминаа од бомбардирањата, „тие трагични настани остануваат универзално предупредување против уништувањето предизвикано од војната – а особено од нуклеарното оружје“.
Папата Лав изрази надеж дека денешниот свет – мачен од интензивни поделби и смртоносно насилство – ќе го замени своето лажно чувство на безбедност „засновано на заканата од меѓусебно уништување“ со правда, отворен дијалог и доверба во братството.
Сеќавајќи се на денот
Овој апел доаѓа откако Папата испрати порака до бискупот на Хирошима за време на славењето на Литургијата за мир во градот.
Во Јапонија, годишната церемонија се одржа во Спомен-паркот на мирот во градот по повод годишнината. Претставници од рекордни 120 земји и региони учествуваа на комеморативната служба, а минута молчење беше одржана во 8:15 часот наутро, точното време на бомбардирањето.
Ватикан њуз/к.мк