Папата: Во нашите срца мора да ја негуваме надежта што го менува светот

Папата: Во нашите срца мора да ја негуваме надежта што го менува светот

Папата Лав XIV во сабота, 6 септември 2025 година, на аудиенцијата за Јубилејот размислуваше за параболата за богатството скриено во нивата и охрабри да погледнеме под површината за да го пронајдеме Божјото Царство: барајќи, се приближуваме сè повеќе кон Господ кој се понизи за да стане како нас.

Папата Лав XIV ја започна катехеза за Јубилејот потсетувајќи дека децата е посебно привлечно да ја земат земјата во свои раце, да копаат и да истражуваат што има во неа, но исто така предупреди дека она што Исус го опишува во параболата за богатството во нивата повеќе не е детска игра, а радоста од изненадувањето останува иста.

Денес би сакал да ве потсетам дека штом им беше дадена слобода јавно да живеат како христијани, Исусовите ученици почнаа да копаат, особено на местата на Неговото страдање, смрт и воскресение. Традициите, и од Исток и од Запад, ја споменуваат Флавија Јулија Елена, мајка на царот Константин, како душа на овие пребарувања. Жена која бара. Жена која копа. Богатството што дава надеж е Исусовиот живот: мора да тргнеме по Неговите стапки.

Папата потсети дека царицата можела да направи толку многу други работи, да избере други благородни места освен периферниот Ерусалим: „И ние, браќа и сестри, можеме да бидеме успиени од постигнатите позиции и од богатствата, поголеми или помали, кои ни даваат сигурност. Така се губи радоста што ја имавме како деца, таа желба за откривање што го прави секој ден нов“.

„Измислување“ – знаете – на латински значи „да се пронајде“. Големиот „изум“ на Елена беше откривањето на Светиот крст. Еве едно скриено богатство за кое вреди да се продаде сè! Крстот на Исус е најголемото откритие во животот, вредност што ги менува сите други вредности. Елена можеше да го разбере ова, можеби затоа што долго време го носеше својот крст.

Како што рече Светиот Отец, Елена не е родена на двор: се верува дека имала скромно потекло, а идниот цар Констанциј се вљубил во неа. Тој се оженил со неа, но од политички причини подоцна ја отфрлил, оддалечувајќи ја од нејзиниот син Константин многу години. Сепак, Елена секогаш останала своја: жена во потрага. Таа одлучила да стане христијанка и секогаш практикувала љубов, никогаш не заборавајќи ги понизните, а и самата била таква.

Таквото достоинство и верност кон совеста, драги браќа и сестри, го менуваат светот денес: нè доближуваат до богатството, како работата на земјоделецот. Негувањето на сопственото срце бара труд. Тоа е најголемата работа. Но, копајќи, наоѓаме; понизувајќи се себеси, се приближуваме сè повеќе кон Господ кој се понизи за да стане како нас.

„Можеме гордо да одиме, безгрижно газејќи ги богатствата што се под нашите нозе. Но, ако станеме како деца, ќе запознаеме друго Царство, друга сила. Бог е секогаш под нас, за да нè воздигне“, ја заврши Светиот Отец катехезата

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот