По завршувањето на молитвата Ангел Господов на 23 декември 2018 година, напоменувајќи дека Божиќ е веќе пред врата, Папата истакна дека своите мисли ги упатува посебно до семејствата кои овие денови се собираат; оние кои живеат далеку од родителите и се враќаат дома; браќата настојуваат да се сретнат… Тоа е убаво и многу важно, семејството за Божиќ да биде заедно. Меѓутоа, многумина ја немаат таа можност – рече Папата и се обрати директно до тие луѓе:
Драги браќа и сестри, нашиот небесен Отец не ве заборава и не ве напушта. Ако сте христијани, посакувам во Црквата да го пронајдете вистинското семејство, каде ќе почувствувате топлина на братска љубов. А сите вие кои сте далеку од своите семејства, христијани или нехристијани, ви велам дека врататите на христијанските семејства се отворени; Исус се раѓа за сите луѓе и на сите ја дарува Божјата љубов – рече на крајот Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк