Папата Лав XIV ги охрабри господата од Папскиот дом во нивната служба

Папата Лав XIV ги охрабри господата од Папскиот дом во нивната служба

Папата Лав XIV одржа аудиенција за господата од папскиот дом,, придружниците во ходниците, заблагодарувајќи им се што секојдневно сведочат за „трезвената убавина што го карактеризира протоколот на Папата“.

На 1 февруари 2026 година во Апостолската палата се одржа необична неделна аудиенција, која беше резервирана за господата од Папскиот дом, службеници познати како „седијари“.

Папата Лав XIV ја искористи приликата да ја изрази својата благодарност и признание за нивната секојдневна служба, координирана од управителот на префектурата на Папскиот дом, монс. Леонардо Сапиенца, и од заменик управителот, августинскиот отец Едвард Даленг, која ја вршат со „дух на верност кон Папата“.

Нивната посветеност, призна Папата, ја придружува и секојдневно помага во неговата апостолска мисија, во корист на сите оние кои го среќаваат за време на државнтеи посети, аудиенции и други свечени и други пригоди.

„Мислам дека вашата работа“, рече Светиот Отец, „може добро да се сумира со три глаголи, кои го зачувуваат нејзиното значење и вредност: да се подготви, да се пречека и да се поздрави. Квалитетот на една средба, всушност, започнува со грижата што ја одликува нејзината подготовка, дури и во најмалите детали.“

Љубезност преку гестови

Вашата служба бара внимание и понизност, истакна Папата, нагласувајќи дека се извршува во Светиот Престол во атмосфера богата со историја и уметност.

Оние кои се вклучени во сите папски средби, покрај нивното организирање, призна тој, мора да покажат внимателни „гестови на добредојде и поздрав кои се благородни, но не и афектирани, елегантни, но не и софистицирани, за да им пренесат љубезност на сите“.

Тој рече дека тие го прават тоа доследно и со љубов, без разлика дали се работи за принц или ходочесник, патријарх или молител.

Сведочење со живот и вера

Тоа е „трезна убавина“ што „го разликува папскиот протокол“, забележа папата Лав, и која се рефлектира во секој гест на господата на Неговата Светост.

Светиот Отец ги повика да го следат примерот на оние што им претходеле, сведочејќи за овие „вредности преку кохерентен живот“.

„Почесната служба секако бара посебна професионална етика, но уште повеќе цврста вера“, рече папата Лав, признавајќи дека нивните постапки се обележани со посветеност кон Христос, Црквата и Папата.

На крајот, Папата ги повика „да продолжат со посветеност да ги извршуваат различните служби, секој според својата улога“ и ја повтори својата благодарност до сите.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот